Електронските цигари се поштетни од што се мисли

Сподели со своите пријатели

Вдишувањето на пареа од електронските цигари може да ги оштети клетките кои се од клучно значење за нашиот умунолошки систем. Е-цигарите така можат да бидат поштетни од што се мислело, открива студијата на Универзитетот во Бирмингем.

Истржаувачите откриле дека пареата од електронските цигари ја оневозможува работата на клетките важни за имунитетот, кои се наоѓаат во белите дробови и потикнуваат воспаление. Ова истражување фрла сенка на широко распространетото мислење дека електронските цигари се безбедни, пишува списанието „Torax“.

Некои здравствени институции и натаму тврдат дека тие се помалку штетни од стандардните цигари, но дека не би требало да се користат како замена за цигарите.

Традиција која убива: Осумгодишно девојче починало на својата прва брачна ноќ

Loading...

Претходните истражување се фокусирале на хемискиот состав на течноста на електронските цигари пред да испарат. Оваа студија се фокусирала првин на пареата. Тестирана е на осум лица кои не се пушачи.

Утврдено е дека пареата предизвикува воспаление и ја оштетува активноста на алвеоларните макрофаги, клетки кои отстрануваат потенцијално штетни честици прашина, бактерии и алергени.

Некои од последиците се итси како кај пушачите на стандардни цигари и луѓето кои имаат хронични белодробни заболувања.

Промените се забележани 48 часа по набљудувањето во лабораториски услови.

Зошто ни се пушат цигари кога пиеме алкохол?

– Не верувам дека електронските цигари се поштетни од обичните, но треба да го отфрлиме мислењето дека тие се безбедни, како што не наведуваат да мислиме, вели професорот Дејвид Тикен од Универзитетот Бирмингем.

Leave a Reply