Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 07.15 часот на патот Куманово – Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од И.Т. (35) од Свети Николе и автобус „МАН“ со беровски регистарски ознаки управуван од К.Ј.(59) од Делчево.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.Т., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Leave a Reply