ЕДЕН ПРЕКУ ДРУГ: Ова е најгусто населениот остров во светот, но сите живеат хармонично (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многумина тврдат дека Санта Круз дел Изолте е најгусто населен остров во светот.

Loading...

Станува збор за остров во архипелагот Сан Бернандо во Колумбија, кој се простира на само еден хектар или околу 12.140 метри квадратни.

 

Скриени туристички раеви: Ова се најсовршените градови во светот (ФОТО)

 

Според пописот од 2016 година, 485 луѓе живеат во околу стотина трошни куќи на островот, од кои повеќе од половина се малолетни.

 

Loading...

 

Локалните жители тврдат дека вистината е поинаква и дека Санта Круз е населен со повеќе од илјада луѓе.

Овде нема многу содржина – на островот има само неколку продавници и едно училиште, а повеќето од нив живеат многу скромно и преживуваат благодарение на риболовот и туризмот.

 

Место за љубителите на егзотиката: Работи за Занзибар што не сте ги знаеле

 

Сите пари од туристите кои го посетуваат Санта Круз дел Изолте за да го видат животот на најгусто населениот остров одат во заедничката ризница.

Иако луѓето таму немаат многу земни добра, никој не легнува гладен. Заедницата се грижи за сите членови.

Loading...

 

 

Ако некој се разболи и мора да оди на соседниот остров да оди на лекар, секој ќе даде малку пари за тоа да се случи.

Поради недостаток на простор и содржина, жителите често патуваат на соседните острови во архипелагот како Тинтипан или Мукура за да излезат, да се забавуваат, да најдат работа или дури и да ги закопаат мртвите. Санта Круз, всушност, нема гробишта.

 

Интересни факти за Мексико што сигурно не сте ги знаеле

 

Loading...

Нема недостиг од струја. Откако јапонската влада им подари соларни панели, островот произведува доволно електрична енергија за сите жители.