Еден починат и еден новозаболен во Куманово, 11 нови случаи во Липково

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово во изминатото деноноќие регистрира вкупно 12 нови случаи на коронавирус. Како што информираше директорот Ариф Љатифи, 11 од случаите се од Општина Липково, а еден од новите позитивни од Куманово.

Loading...

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 41

– Куманово 12

– Штип 16

– Тетово 10

– Струга 1

Loading...

– Охрид 2

– Гостивар 1

– Пробиштип 4

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

– Скопје 1

– Прилеп 2

– Тетово 2

Loading...

Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

Никола Ивановски

Leave a Reply