„Џејмс Бонд“ тежи 160 милиони долари, но на децата нема да им остави ништо

Сподели со своите пријатели

Во интервју за списанието „Кандис“, Даниел Крег рече дека не планира да остави големи суми пари на своите деца по неговата смрт.

Loading...

„Мојата филозофија е дека треба да се ослободам од сѐ пред да умрам. Не сакам да им оставам во наследство големи суми пари на идните генерации“, рече Крег.

 

Според податоците на CelebrityNetWorth, богатството на актерот во моментов се проценува на 160 милиони долари.

Тој додаде дека смета дека наследувањето пари е невкусно.

 

Loading...

 

Инаку, Крег има 29-годишна ќерка Ела, од првиот брак со актерката Фиона Лаудон, а во септември 2018 година, тој доби ќерка во вториот брак, со актерката Рејчел Вајс, со која се ожени во 2011 година. Името на ќерката никогаш не беше објавено.

 

 

Британскиот актер ќе го гледаме по петти пат од крајот на септември во улогата на Џејмс Бонд во филмот „No Time to Die“.

 

 

Loading...