Џамаларите ја прославија Василица во селото Орашац (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мештаните на кумановското село Орашац и годинава традиционално по повод празникот Василица се маскираа во џамалари, одбележувајќи го верувањето дека на тој начин ги истеруваат лошите духови од селото.

Loading...

Подготовктие како што раскажуваат жителите на оваа село, одалечено околу 12 километри од Куманово, траеле една недела, а во сабота наутро станале рано и ја организираат програмата за прославата.

– Денот ни е убав, имаме посета по куќи. Задоволни сме од нашите домаќинки, мајки, баби, сестри, ќерки, сите овде, не угостија. Одиме од куќа до куќа и откако ќе собереме подароци, се купува нешто за спомен, а остатокот од парите ги подаруваме на црквата или месната заедница, или пак организираме вечера и даваме заклетва дека идната година пак ќе продолжиме, изјави организаторот Крсто Милошевски.

Организаторите биле скептици дека традицијата ќе се прекине годинава поради малиот интерес, но за прв пат добиле и осум нови џамалари кои ја продолжуваат традицијата стара над 40 години.

– Кој не следи идната година да ни биде гости, како овие вредни домаќини тука, и сите други што одат, не гостуваат со јадење и пиење, има убави песни шегобијни. Господ простува имаме шегобијни песни, пееме сите, малите ги учат од нас, додаде Милошевски.

Loading...

Оваа кумановско село во последните години, како и останатите, има се помалку жители, но мештаните велат додека има деца за Коледе има и живот во селото, а годинава за Бадник организирале прослава и поделиле бадникови пакетчиња.

Leave a Reply