Две лица се обиделе да прегазат полицаец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од Арачиново се приведени, откако викендов се обиделе да прегазат полициски службеник во Куманово, кој се обидел да ги легитимира.

Loading...

– На 19.09.2020 околу 22.30 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од с.Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply