Две лица приведени на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица во два одвоени случаи вчера се приведени на Граничниот премин Табановце, информираат од полицијата.

Во 10,30 часот на излез од Република Македонија, при пасошка контрола на Х.Ф.(23) од Скопје утврдено било дека македонската патна исправа којa ja приложил на увид припаѓа на друго лице. При извршен преглед кај лицето е пронајдена негова косовска лична карта на име Е.Л.(21) од Феризај – Косово.

Еден час подоцна исто така на излез од Република Македонија при пасошка контрола на Х.Б.(25) од Р.Албанија, на неговата албанска патна исправа било констатирано дека станува збор за прелепуван дел од друга патна исправа, со цел да прикрие забрана за влез во земјите членки на Европска Унија.

Лицата се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply