Сопственикот на фармата имаше што да види кога се врати дома. Челзи Хингстон од Австралија пронајде две крави во својот дом, соодветно наречени Бандит и СОБ. Од нејзината фарма тие некако успеаја да влезат во дневната соба и да создадат вистински хаос.
Челзи вели дека таа накратко ја напуштила куќата за да ја остави својата ќерка во градинка, а потоа се вратила во нејзиниот растурен дом. Непослушното дуо ја извалкала дневната соба. Штетата се проценува на 15.000 американски долари.
@chelseahingston♬ Oh No – Kreepa
„Невремето ја оштети оградата околу куќата претходната вечер, верувам дека влегоа во задната врата. Се згрозив од глетката. Ја отворив вратата и им се јавив, тие само излегоа надвор и го напуштија мојот дом во невиден хаос”, рече Челси.
Таа мораше да фрли теписи, малку облека, растенија и играчки, а сега целата ситуација и е смешна.
„Домот е таму каде што е стадото “, се пошегува несреќната жена која се пресели со своето семејство во имотот на роднината додека не ја поправат оградата и дел од домот.
@chelseahingston#part2♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects