Две интервенции вчера бележат кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат две интервенции и тоа на запалена бандера и оџак од семеен дом.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, дрвена бандера под напон се запалила во населбата Средорек, при што на терен излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Пожарникарите на терен излегле во 07:15 часот, а интервенцијата траела петнаесетина минути.

Оџак се запалил на семеен дом лоциран на улицата „Драги Шутевски“. Петмина пожарникари интервенирале во период од 00:45 до 01:35 часот при што не е дозволено проширување на огнот.

Причините за избувнување на пожарите, како и висината на материјалната штета која настанала засега се непознати.

Никола Ивановски

Leave a Reply