Две години беше отпорен на ковид: На овој остров е регистриран првиот случај на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Куковите острови, мала јужнопацифичка земја која досега нема регистрирано ниту еден случај на коронавирус во заедницата, се подготвуваат за првите случаи на инфекција, откако неодамна заразен турист ја посетил земјата.

Loading...

Патник од Нов Зеланд, поминал осум дена на островот и бил позитивен на тестот за омикрон по враќањето дома.

– Веројатно патникот бил заразен и додека бил на островот, претпоставуваме дека вирусот почнува да циркулира во нашата заедница – рече премиерот Марк Браун.

Оваа земја ревакцинирала 99,6 отсто од населението, што е околу 17.000 лица, додека третата доза досега ја примиле околу 70 отсто од населението.

Куковите острови дозволија патување од Нов Зеланд без задолжителен карантин пред еден месец, откако беа целосно изолирани од остатокот од светот од почетокот на пандемијата во 2020 година, пишува Би-Би-Си.

Првиот случај на коронавирус беше пријавен во декември, но беше регистриран кај лице кое во тоа време било во карантин и немало контакт со остатокот од заедницата.

– Факт е дека имаме висок процент на вакцинирани, што ќе ни помогне во борбата против вирусот – рече премиерот Браун.