Две девојки од Тексас по грешка влегле во погрешен автомобил, возачот ги застрелал

Сподели со своите пријатели

Две девојки од Тексас вчера по грешка влегле во погрешен автомобил на паркингот, по што сопственикот на возилото ги застрелал со огнено оружје.

Loading...

Полициското одделение Елгин соопшти дека поради овој инцидент го уапсиле Тело Родригез Јуниор (25) и дека е обвинет за напад, пишува ABC News.

И двете девојки поради повредите завршија во болница.

Едната е пуштен по преглед и лекување, а другата со хеликоптер е пренесена во болница и е во критична состојба.

Хедер Рот, навивачка во Woodlands Elite Cheer Co., сподели на Инстаграм што се случило таа вечер.

Таа изјавила дека со уште три навивачки малку по полноќ отишле на паркингот по тренинг.

По грешка ја отворила вратата од погрешниот автомобил со маж во него.

Потоа излегла од возилото и се вратила во автомобилот на нејзината пријателка.

Loading...

Човекот потоа дошол кај нив.

Рот го спуштила прозорецот за да се извини, но мажот почнал да пука.