Двајца српски државјани приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Двајца државјани на Република Србија во текот на вчерашниот ден биле приведени на Граничниот премин Табановце, во два одвоени случаи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во првиот случај околу 18.30 часот при контрола и проверка на патничко возило „Нисан“ со српски  национални ознаки, управувано од А.Р.(54) од Република Србија, било констатирано дека серискиот број на возилото бил различен од бројот во сообраќајната дозвола.

Во вториот случај околу 22.30 часот при контрола и проверка на патничко возило „фолксваген џета“ со српски национални ознаки, управувано од Р.А.(24) од Република Србија, исто така било констатирано дека серискиот број на возилото бил фалсификуван.

Р.А.  и А.Р биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply