ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ: Малолетник од Куманово се судрил со пензионер од Скопје

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово и пензионер од Скопје се повредени при судир на мотоцикл и велосипед со кои се движеле во метрополата.

Loading...

– На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на ул.„Митрополит  Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот М.Р, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.

Никола Ивановски