Двајца малолетници повредени во сообраќајка на патот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 13,40 часот е пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Куманово со локалниот пат за село Брњарци патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од К.Б.(64) од Скопје удрило во двајца пешаци на возраст од 15 и 17 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од незгодата со повреди се здобиле пешаците, кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар им биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.