Двајца кумановци тешко повредени откако со мотор излетале од патот

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово се повредени, од кои едно потешко, откако со мотор излетале од патот.

Loading...

– На 02.08.2021 околу 19.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Четирце, на место викано „Бизина маала“, Д.Ј. од Куманово, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј., а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.Ј., исто така од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply