Двајца кумановци со изгореници од втор степен по пожар од плинска боца

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј. . Поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возило „Рено 18“ со кумановски регистарски ознаки , сопственост на Т. М. (54) од Куманово, додека Т. М и А. Ц. (34) од Куманово биле заедно во каналот под возилото, дошло до експлозија и запалување на инсталацијата за плин на возилото, при што внатрешноста на истото целосно изгорела, а Т. М. и А.Ц се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а воедно опожарена е и гаражата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински Центар – Куманово за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарната единица -Куманово.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.