Двајца кумановци претепани завршиле во болница во Струга

Сподели со своите пријатели

Двајца жители на Куманово завчера со повреди завршиле во струшката болница, откако претходно биле физички нападнати на бензинска пумпа.

Loading...

– На 23.06.2021 полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х.(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки било констатирано дека околу 18.40 часот, на бензинска станица на магистралниот пат А-2, тие биле нападнати со тврди предмети од неколку лица. Р.Р. и А.Р. се приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски

Leave a Reply