Двајца кумановци ќе одговараат за непостапување по здравствени протоколи

Сподели со своите пријатели

Двајца млади кумановци заработија кривични пријави бидејќи при проверка во нивните домови, полицијата не ги пронашла на адресите на кои требало да бидат во изолација.

Loading...

– СВР Куманово поднесе две кривични пријави против Б.С.(19) и М.Г.(22), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 05 и 07.06.2020 пријавените без дозвола биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи, односно воведената мерка за забрана на движење заради спречување на вирусот Ковид-19.

Никола Ивановски

Leave a Reply