Двајца кумановци казнети за неносење маска изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Само две лица биле казнети во текот на изминатото деноноќие во Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27.06/28.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 8 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од издадените прекршочни налози во Куманово има 2 и Кратово 6.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply