Два стана изгореа во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два стана изгореа во пожар, кој избувна вчера во 16:45 часот на булеварите „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, спроти Зелениот пазар.

Loading...

Огнот зафатил станови на вториот и третиот кат.

Според информациите на пожарникарите, нема повредени лица бидејќи на време се евакуирале. Пожарникарите интервенираа со две екипи.

– Кај нас пожарот е пријавен во 16:45 часот, а интервениравме до 17:49 часот со две возила, шест пожарникари. Огнот зафати два стана на вториот и третиот кат. Успеавме да ги изгаснеме. За среќа нема повредени, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово Сашо Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Пожарот е изгаснат, а причините допрва ќе се утврдуваат. СВР Куманово ќе изврши увид.

Кумановските пожарнкари вчера имале уште две интервенции, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

На улицата „Иво Лола Рибар“ гаснеле запален смет во период од 12:55 до 13:40 часот.

Во атарот пак на селото Лопате тројца пожарникари во период од 12:10 до 12:55 часот интервенирале на гаснење опожарена сува трева.

Loading...