Два до три степени пониска температура

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно со претежно северен ветер најизразен на повисоко на Ѓуриште и Тополчани.

Loading...

Како што информираат од УХМР, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и ќе продолжи да дува умерен североисточен ветер кој на северот повремено ќе засилува. На југоистокот попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Дневната температура денес дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Утре, како и за време на викендот ќе биде стабилно, а температурата повторно ќе биде во пораст. Зголемување на облачноста ќе започне во вторник, а поголема промена на времето следува од средината на следната работна недела.

Leave a Reply