Државјани на Србија, Косово и Германија приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Тројца државјани на Србија, Косово и Германија во три различни случаи вчера биле приведени на Граничниот премин Табановце, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во првиот случај вчера во 15.10 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Ш.Џ.(30) од Косово затоа што приложил фалсификувана  патна исправа.

Како што информираат од МВР, во 18.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле  Д.Г.(67) од Република Србија поради постоење основано сомнение дека на  возилото  „мазда CX5’’ со српски национални ознаки, кое го управувал, бројот на шасија отстапувал од оргиналната изведба и типската налепница била манипулирана.

Само два и пол часа подоцна, односно во 20.30 часот, исто така на ГП „Табановце“, полициски службеници го привеле T.Г.(63) од Германија затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека нема пријавено престој во Република Северна Македонија.

Сите лица се задржани и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply