Дожд и пониски температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на локален дожд претежно на северот.

Како што информираат од Управата за хидрометеорлошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се вижат од 5 до 12, а максималните од 17 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 19 степени.

Од недела попладне ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Leave a Reply