Донеле мртов човек во пошта за да ја подигнат неговата пензија

Сподели со своите пријатели

Ирската полиција покрена истрага откако двајца мажи во петокот наутро донеле мртов маж во пошта во обид да му ја подигнат пензијата, објавија ирските медиуми.

Loading...

Овој бизарен случај се случил во петокот околу 11:30 часот по локално време во гратчето Карлоу, југозападно од Даблин, кога едно од двете млади момчиња влегол во поштата за да подигне пензија на друг маж.

Вработените во поштата го одбиле, велејќи му дека е потребно присуство на пензионерот, по што дуото го донело телото на мажот во зградата.

Откако вработените се посомневале, двајцата млади побегнале оставајќи го телото.

Наводно го познавале починатиот маж.

Ирската полиција го истражува овој случај и околностите на неговата смрт.