Доналд Трамп: Путин веројатно е вмешан во смртта на Алексеј Навални

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за таа позиција, Доналд Трамп, изјави за Фокс њуз дека рускиот претседател Владимир Путин „веројатно е вмешан“ во смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина минатиот месец во затвор во Арктичкиот круг, пишува денеска Политико.

Loading...

„Не знам, но можеби, мислам веројатно, би можел да кажам веројатно, не знам“, рече републиканскиот претседателски кандидат на САД во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали Путин сноси одговорност за смртта на Навални.

„Тој е млад човек, па статистички би бил жив уште долго. Така се случи нешто што беше невообичаено“, додаде Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)

Навални, водечката фигура на руската опозиција, почина на 16 февруари во казнена колонија, а ЕУ и САД директно ја обвинија Русија за смртта на Навални, потсетува европското издание на порталот.

Трамп постојано вети дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, а за време на интервјуто за Фокс њуз рече дека се надева дека нема да мора да избира дали ќе испрати оружје во Киев или ќе го остави „Путин да проголта Украина”.

Се надевам дека нема да дојде до тоа, изјави Трамп, кој тврди дека војната никогаш немаше да се случи доколку тој останеше претседател на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење