Дојава за бомба и во училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дојава за бомба утринава по електронска пошта стигнала на адреса на училиште во Куманово.

Loading...

Информацијата за Кумановски Муабети ја потврдија и од Секторот за внатрешни работи Куманово, од каде не истакнуваат за кое училиште станува збор и најавија повеќе детали за подоцна.

Според неофицијални информации на Кумановски Муабети, станува збор за училиштето „Браќа Миладиновци“, кое се наоѓа во ист објект со училиштето „Крсте Мисирков“.

Не е исклучена можноста дојави да има и во други училишта.

Забележително е големо присуство на полицијата низ централното градско подрачје.

Повеќе детали наскоро!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово