Договор меѓу САД и Јапонија за зголемување на американските сили

Сподели со своите пријатели

САД значително ќе ги зголемат своите противбродски ракетни сили во Јапонија како дел од напорите за одвраќање на можен напад од Кина, изјавија тројца американски претставници за Ројтерс пред денешното објавување на договор за ова прашање во Вашингтон, јави Танјуг.

Loading...

Официјални лица рекоа дека распоредувањето на американските маринци низ Окинава треба да биде завршено до 2025 година.

Договорот меѓу Јапонија и САД, кој следи речиси една година преговори, ќе биде официјално објавен денеска по средбата во Вашингтон меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен со нивните јапонски колеги.

Остин во четврток во Пентагон ќе се сретне со јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, а во петок ќе следи средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Јапонија минатиот месец го претстави планот за најголемото засилување на своите воени капацитети од Втората светска војна во следните пет години.

Иако вкупниот број на американски војници во Јапонија нема да се промени, новите распоредувања на американски маринци низ јапонскиот остров Окинава ќе придонесат за подобра борбена готовност во случај на можен кинески напад.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека јапонско-американската алијанса не треба „да им наштети на интересите на трети земји, како и на регионалниот мир и стабилност“.

Во Јапонија моментално се стационирани 18.000 американски маринци, што е најголема концентрација надвор од САД, а во Јапонија има вкупно околу 54.000 американски војници, потсетува британската агенција.

Loading...