До кога ќе се задржи топлото и сончево време?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник.

Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.

Leave a Reply