Дневните температури во раст, утринските и натаму во негатива

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде студено во утринските часови, а преку денот сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Само на североистокот претпладне ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме студено утро со седум степени под нулата. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. Максималната дневна температура се очекува да достигне осум степени.

 

Loading...

 

Во вечерните часови и преку ноќта во текот на следните денови во северните и источните делови ќе има повремен слаб снег.

Услови за слаб снег ќе има денеска на крајниот североисток особено претпладне. Потоа следува период на доста тивко и повремено сончево време во кој температурите ќе бидат во пораст.

Така во петок утринските температури само на места ќе се спуштаат под -10 степени.

 

 

За време на викендот и во понеделник температурите преку денот ќе бидат насекаде над нулата и ќе има услови за појава на утринска магла по котлините.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply