Димитриевски: Задолжувањето ќе ги задоволи барањата на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Главните приоритети на граѓаните е подобрување на комуналната инфраструктура, подобрување на хигиената во градот, решавање на сообраќајниот метеж, гасификација и намалување на загадувањето, а задолжувањето од милион евра ќе овозможи реализација на тие проекти, рече денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски образложувајќи ја потребата градот да се задолжи за набавка на техничка опрема на јавните претпријатија.

Loading...

– Како резултат на сите тие претходни анализи и анкети, а во соработка со јавните претпријатија кои ги вршат овие основни дејности во градот, а основани од страна на основачот за таа намена, решивме да се обидеме да ги подобриме капацитетите со единствена цел да се подобрат услугите кон граѓаните, од друга страна да се зајакане капацитетот на јавните претприајтија во вршење на самите услуги, и трета работа и најважна кога се зборува за финансии да се постигне ниво на заштеда на ниво на општинта, со тоа што самите претпријатија ќе се инволвираат во рамки на годишниот буџет на општината да можат да извршуваат согласно нивните прогрмаи и дејности, да се вратат на онаа ниво на кое биле до 2003-2004 година, изјави Димитриевски.

Јавното претпријатие „Водовод“ како што рече Димитриевски, во изминатиот период кога на централно ниво била друга политичка гарнитура, претрпе огромни штети и сега има огромни долгови.

– Го исклучува водоснабдувањето, фиктивно менуваше цена, го задолжуваше оваа јавно претпријатие, политички мотивирани низ судски процес доведоа до блокада. Некаде до 2006 – 2008 успеваше со сопствени средства, благодарение на програма на Советот да гради инфрастуктура и да прави рехабилитација на водоводна мрежа. По сите тие опструкции, бидејќи Куманово требаше да се сотре затоа што рамзислува спротивно, се најде во тоа што е, но не исклучува и човечка одговорност, и сега сме сведени да решаваме 8-10 дефекти на водоводна мрежа дневно со ровокопач и камион од 1992 година. Ако сакате да и гподобрите условите треба да го подобрите техничкиот капцаитет, рече градоначалникот.

Опремата која ќе се набави, според првиот човек на општината, ќе донесе до заштеда во изведување на работите за поставување на канализација.

– Куманово треба да се развива и прашањето е дали ќе одиме на развој и да обезбедиме средства и притоа ќе распишеме тендери и ќе се јавуваат различни изведувачи ќе надаваа и понудат одредена цена за одредена услуга или ќе дадеме можност на нашите јавни претпријатија на кои ќе им купиме опрема и репроматеријал како основач и наместо за еден проект ќе земам пример населба Пуковско каде треба да потрошиме над 10 милиони денари за изградба на примарна канаизација же потрошиме двојно помалку, 5 милиони денари, појасни Димитриевски.

Слична е состојбата и во ЈП „Чистота и зеленило“, вели градоначалникот, каде возниот парк за иснесување смет е застарен, а нема друга опрема за да исчисти над 80 диви депонии во градот.

Во однос на гасификацијата, наместо да се прави тоа со децении, може да се направи побрзо, ако ЈП „Куманово гас“ има техничка опрема тоа да го изврши, дополнително ЈП „Куманово паркинг“ со уште едно ново возило ќе ја врши примарната функција, да се грижи за паркинг местата.

Loading...

– Куманово паркинг кое беше се, само не претпријатие за паркинг услуги го трансформираме во јавно претпријатие да наплаќа паркинг услуги, а не кирии од имот на општина и со тоа да обезбедува плати и да фактутира на општината сметки за улично осветлување. По пат на јавно приватно партнерство имаме најдобро осветлен град и на месечно ниво имаме од милипон до 1,5 милиони заштеда и го стимулираме претприајтието да си наплаќа паркинг услуги кои даваат за средување на хаосот во градот и да функционира пајак службата, која ако не ја псоедувате нема да го регулирате сообраќајот, рече Димитриевски. Како градоначалник доаѓам во состојба кога нешто не оди во сообраќајот да се јавувам во полиција и тие да ми велат пајакот е стар, дефект и не работи, а кога се јавувам во претпријатието велат полицијата не издава налог да се крене возилото. Треба нови вакви возила, пајак службата не казнува, тоа е на полицијата, тие вршат услуга на полицијата, наша цел е да ги исчистиме главните улици во градот од тие непрописно паркирани возила, појасни градоначалникот.

Како што вели тој, ова е еден од кредитите со многу мала камата, задолжување во период од 13 години, со три години грејс период, а 10 години рок на отплата.

Се создаде моќност за апликација преку МФ во Светска банка да дојдеме до евтини средства.

– Најдовме форма да се задолжиме со под 1 отсто камата на годишно ниво и на овие 63 милиони денари реализирани средства да се добијат грант или бесплатни средства во висина од 20 до 27 отсто. Имате 63 милиони и добивате над 14 милиони денари грант за дополнителни проекти за изградба на ифнраструктура, патишта, улици итн и вакви кредити ретко имаме можност да добиеме. Борбата помеѓу општините беше голема, се користеа сите механизми да се обзебедат и овие срдства стојат резервирани во Светска банка, а нашие проекти се рангирани највисоко, рече Димитриевски.

Советниците на предлог на градоначалникот се очекува по кратка пауза, да гласаат за нацрт програмата за задолжување да оди на јавна дебата со граѓани и невладиниот сектор.

Никола Ивановски

Leave a Reply