Димитриевски: ВМРО треба да биде фактор на националното обединување, а не причина за раздор и поделба

Сподели со своите пријатели

„ВМРО треба да биде фактор на националното обединување а не причина за раздор и поделба“, напиша градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во честитката по повод празникот 23 Октомври.

Loading...

Како што вели Димитриевски, историската револуционерна ВМРО е архитип кој го носиме сите ние во нас.

– Историска грешка и неправда е злоупотребата на овој свет симбол во политички цели и премолчувањето на регистрирање на политичка партија со овој предзнак деведесетите години. ВМРО треба да биде фактор на националното обединување а не причина за раздор и поделба на патриоти и предавници.Се надевам дека еден ден ќе ги исправиме сите грешки од минатото и сегашноста, ќе се погледнеме во очи, ќе си ги признаеме грешките и ќе продолжиме заедно за доброто на наша Македонија и сите нејзини граѓани, пишува во објавата на кумановскиот градоначалник.

Leave a Reply