Димитриевски: Повеќе од потребно е да се дејствува порестриктивно

Сподели со своите пријатели

Повеќе од потребно е да се дејствува порестриктивно, бидејќи Куманово според процент и број на жители има најголем број позитивни лица на коронавирусот во државата, смета градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Порестриктивното дејствување, според Димитриевски е со цел да се спречи најголемиот пик на пандемијата да се случи со многу поголеми бројки.

– Сакам да се заблагодарам на сите медиуми кои интензивно ги следат состојбите и објективно пренесуваат и на централно ниво и на локално ниво, а воедно да се заблагодарам на сите граѓани кои се вклучени во овие акции и кои ги почитуваат препораките на Владата и кризниот штаб ги носи.

Тој им изрази сочувство на семјствата кои загубија свои членови поради вирусот, а на заболените им упати поддршка во името на сите граѓани.

– Сакам да го искажам моето најдлабоко сочувство за сите сограѓани кои го загубија животот во досегашната борба, а да ги охрабрам оние кои се позитивни на тестот и во моментот се во нивните домови или на болничко лекување, дека сите граѓани на Куманово се со нив и сите заедно ќе се избориме против оваа големо зло кое не задеси и нас во Куманово и во државата и генерално во светот, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник денеска заедно со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи кој е првиот човек на Централниот кризен штаб се на состанок и за повеќе детали ќе ја информираат јавноста по завршување на истиот.

Најавено беше и присуството на министерот за здравство Венко Филипче, но од засега непознати причини тој не се појави во Куманово со останатите.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply