Димитриевски побара поголема координација на полицијата и општинската инспекција

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешната седница на Советот, првин ја поздрави работата на кумановската полиција, но потоа побара поголема координација на служениците од Полициска станица за Општа надлежност со општинските инспекциски служби.

Loading...

Како што вели Димитриевски, инспекциските служби се борат против нелегалните превозници во градот, а воедно и против сите превозници кои ги користат јавните патишта во општината да вршат транспорт на стоки, тампон, песок на теротирја на градот и истите возила кои имаат поголеми тежински оптоварувања да гравитираат на теротиријата на општината.

– Согласно одуката која  што е на сила донесена од страна на советот сите овие возила претходно треба да добијат дозвола за вршење на превоз и користење на јавните патишта во Куманово, а немаат категорија на регионални магистрални или пак државни патишта, и по добивање на согласноста истите можат да го вршат овој превоз. Во тој случај ние издаваме решенија кои самите превозници ги имаат во себе, и при легитимирање и сообраќајна контрола, се должни да го покажат на овластеното службено лице на сообраќајната полиција. За жал мора да констатирам дека оваа одлука на советот на територијата на нашата општина не се почитува во целост ниту пак во одредени случаи се бара истиот документ, рече Димитриевски.

Тој рече дека денеска на патот Куманово – Пчиња имало над 20 тешки товарни возила со терет над 40 тони, од кои дел биле и со странски таблички, немале уредна документација, биле стопирани и повторно пуштени да продолжат безда се бара асистенција од надлежен општински инспектор.

– Барам поголема координација на Полициската станица од општа надлженост во Куманово со општинските надлежни служби со инспекциските служби и нашиот инспектор за сообраќај и транспорт бидјеќи сметам дека не е доволиво особено во градското подчраје да ни гравитираат кипери, шлепери, камиони. Ќе ви посочам неколку случаи, на влезот во градот каде што е поранешно Автомото, секојдневно имаме влегување на едно тешко товарно возило кое директно преку троатоарите влегува во градот, иако имаме ограничено движење на товарни возила во тој дел на градот. Според мене треба да се засилат сообраќајните контроли во делот на она што значи гравитирање на тешки товарни возила во градот, бидеќи истите предизвикуваат штета по однос на инфраструктурата која и така е кревка а од друга страна општината има сериозни проблеми да ги санира и последиците од движењето на таквите возила, изјави Димитриевски.

Втора локација каде многу често се користи за движење на овие возила, според првиот човек на градот,  е улицата „Народна револуција“, во потегот од „Трета МУБ“ па се до патот за Пчиња.

– Апелирам до вас да се вклучите максимално заедно да го решиме овој проблем. Недозволиво е јас како градоначланик на интервенирам до началникот за одредени прометни јавни површини кои не се предвидени за такво паркирање. Пр паркингот кај спортскиот комплекс кај спортската сала, дел од улиците во населба Гладно поле, во населбата Христијан Карпош, на влезот на самиот град, веднаш спроти бензинската пумпа и други локации, потенцираше Димитриевски.

Како што вели недозволиво е да има толку препрошоци, а да не се санкционираат.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply