Димитриевски: Останете дома, бидете со своите блиски

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово на денешната вонредна седница на Советот на Општина Куманово упати порака до граѓаните да останат дома со своите блиски во овие тешки моменти.

Loading...

– Остани дома, остани во изолација, биди со твоите блиски во овие тешки моменти, а ако си потребен на државата ќе смета на тебе и ќе те повика во координирана акција за справување со овој проблем, рече Димитриевски.

Најголем проблем како што рече првиот човек на Куманово е вирусот се носи од страна и е увезен.

– Тоа значи дека секој кој престојувал во странство за краток период треба да има оптшествна и колеткивна одговорнсот и да се пријави за да може да биде упатен на понатамошна контрола или барем најмалку да се стави во самоизоалција и ако има симптоми да контактира со својот матичен лекар, вели Димитриевски.

Никола Ивановски

Leave a Reply