Димитриевски: Општина Куманово континуирано се залага за поголема транспарентност

Сподели со своите пријатели

Денеска Градоначалникот Димитриевски, заедно со претседателката на Совет одржаа брифинг за новинарите и медиумските работници. Се разговараше за тековните активности на општината и настаните што треба да се одржат овој месец. Во вториот дел од брифингот, новинарите имаа можност да постават свои прашања и добија детални одговори на повеќе актуелни теми.

Loading...

Во интерес на отворениот пристап и навремено информирање на граѓаните за сите актуелни теми, ваквите средби ќе продолжиме да ги практикуваме еднаш месечно, истакна Димитриевски.

Општина Куманово континуирано се залага за поголема транспарентност, за што е доказ и постојаното зголемување на индексот на активна транспарентност на Општината во изминатите години.

На средбата тој ја информираше јавноста за повеќе културни настани кои ќе се одржат во периодот што следи, како и за статусот на тековните проекти за реконструкција на улици и проектот за реконструкција на Спортската сала.

Дополнително тој најави повеќе инфраструктурни и други проекти кои ќе отпочнат наскоро, помеѓу кои и проектот за реконструкција на објектот Соколана.

Димитриевски посочи дека има желба да го реконструира целосно и Зелениот градски пазар, но тоа е проект кој е во многу рана фаза и во моментот се подготвува документација како би можело во иднина да се реализира.

Повеќе информации и видео од брифингот се достапни на официјалната веб страна на Општината на следниот линк.