Димитриевски доби награда за општествено одговорен градоначалник

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска доби признание за општествено одговорен градоначалник.

Loading...

Наградата се должи на јавното мислење, добиено врз основа на четири месечно истражување од страна на самостојната иницијатива на On line PR агенција за Односи со јавноста „Биди своја“, во промотивната кампања „Да бидеме општествено одговорни и слободни“.

Согласно добиените резултати, испитаниците се изјасниле дека градоначалникот Димитриевски е транспарентен, доследен на својата функција и има непристрасен пристап кон сите граѓани на Општина Куманово.

Како што појаснуваат од иницијативата, неговиот посветен труд и работа во градењето на квалитетни односи со јавноста, кои го создаваат ликот на секоја институција, со цел навремено информирање за сите активности, значајни за успешно секојдневие на граѓаните се уште едно признание за макотрпната работа и грижата кон граѓаните да бидат навремено информирани за сè што се случува во нивната општина.

„Уште на самиот старт ветивме дека ќе работиме во служба на граѓаните.Транспарентно и отчетно. Одговорно и посветено. Една од нашите заложбипокрај домаќинското раководење со институцијата е и објективното,навремено и непристрасно информирање на јавноста. Транспарентноста еважна, затоа што имаме голема одговорност пред граѓаните. Работиме занив и мораме доследно да им служиме. Се заблагодарувам за наградата заопштествено одговорен градоначалник. Ова го потврдува стемежот заквалитетно раководење на институцијата – градоначалник на Куманово. Соваквиот чесен и искрен пристап на менаџирање на градот заеднички ќепродолжиме и понатаму“, изјави Димитриевски.

Оваа иницијатива има за цел да поттикне, промовира и иницира општествено одговорни активности кај сите активни чинители во сите сегменти во општеството.

Се спроведува на национално ниво и во самата кампања учествуваат сите структури: многубројни компании од нашата држава, граѓански активисти, афирмирани претставници на културата и граѓански здруженија.