Девет нови потврдени случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Девет нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие се регистрирани во Куманово.

Loading...

Починаа двајца пациенти позитивни на вирусот Ковид-19. А регистрирани се 37 нови случаи, информираше Министерството за здравство.

По градови:

Скопје-8,

Куманово-9,

Прилеп-5,

Тетово-3,

Велес-3,

Loading...

Охрид-8,

Кочани-1

-Институтот за јавно здравје регистрира 15  излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, велат од МЗ.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку ИЈЗ –222, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со PCR метода  – 45 . Досега во земјата се направени вкупно  11870 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти,  7 пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани 3 пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола се хоспитализирани  13 пациенти, од нив 3 се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

Loading...

 

Leave a Reply