Девет мотоциклисти казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Девет мотоциклисти биле казнети во последното деноноќие во Куманово, од вкупно 30 кои биле санкционирани низ цела Македонија.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (12.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 30 мотоциклисти, информираат од полицијата.

Девет возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, еден мотоцикл бил нерегистриран, 19 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а еден мотоцикл е времено одземен поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жолт метео аларм поради опасност од дожд и грмотевици

Најголем број од санкциите, според МВР, се изречени на територија на СВР Куманово – 9, потоа на територијата на СВР Велес – 7, СВР Тетово – 5.

Засилените акциски контроли, потенцираат од полицијата, продолжуваат.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски