Жолт метео аларм поради опасност од дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метео аларм, поради опасност од дожд и грмотевици, за територијата на целата држава.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои се очекува да започнат во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

Loading...

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Од петок се очекува стабилизација на временската состојба.

Никола Ивановски