Десет ранети во пукање во Флорида

Сподели со своите пријатели

Десет лица се ранети во масовно пукање во Флорида, соопшти полицискиот оддел на Лејкленд.

Loading...

Според полицијата две лица се тешко повредени, а осум се со повреди кои не се опасни по живот. Сите повредени се мажи на возраст од 20 до 35 години.

„Едниот е на операција, а другиот е или на операција или оди на операција“, рече началникот на полицијата во Лејкленд, Сем Тејлор на прес-конференција.

Полицијата на Лејкленд не идентификуваше ниту еден осомничен, но верува дека четворицата напаѓачи пукале со оружје од двете страни на улицата од нивните возила. Пукањето се случило во попладневните часови, додека се уште било бел ден.

Полицијата верува и дека пукањето не било случајно и дека жртвите биле цел.

„Не веруваме дека во овој момент има причина јавноста да биде загрижена. Мислиме дека поединците во автомобилот пукале во кого сакале да пукаат“, рече Тејлор.

Властите додадоа дека на местото на настанот лоцирале марихуана, што укажува дека во моментот на инцидентот се продавала марихуана, но нема информации дали сомнителната продажба на марихуана и пукањето се поврзани.

Полицијата на Фејсбук објави и дека нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.

Loading...