Десет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Австралија, враќајќи се од свадба

Сподели со своите пријатели

Австралиската полиција соопшти дека најмалку десет лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила во регионот Хантер, во австралиската држава Нов Јужен Велс.

Loading...

Сите загинати биле во автобусот кој излетал од коловозот кај кружниот тек, а првите информации говорат дека во таа несреќа се повредени единаесет лица.

Сите веднаш биле префрлени во блиските болници.

Возачот на автобусот, 58-годишен маж, ја преживеал несреќата и бил пренесен во болница на тестови.

Вкупно осумнаесет патници во автобусот останале неповредени или со полесни повреди.

Несреќата се случила вечерта, недалеку од градот Грета.

Полицијата соопшти дека е започната истрага за несреќата.

Според локалните медиуми, автобусот се враќал од свадбена веселба.

Loading...