Денеска жолто ниво на опасност поради високите температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 39 степени.

 

 

Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури.

Индексот на УВ зрачењето ќе биде многу високо со коефициент 9.

 

Loading...

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Температурите ќе се движат од 17 степени во утринските часови до максимални 36 во текот на денот. УВ индексот ќе биде екстремен со коефициент 11.

 

 

До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Loading...

Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply