Денеска врнежи од дожд, утре се очекува и формирање снежна покривка

Сподели со своите пријатели

Времето утринава под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот насекаде во земјава преовладува облачно време, во западните и источните делови со врнежи од дожд а на планините од снег. Во западните делови врнежите повремено се со умерен интензитет. Дува слаб ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2. Ќе дува умерен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се
движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 12 степен целзиусови. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти еден степен под нулата, па врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Облачно и студено време ќе имаме во текот на утрешнит ден во поголем дел од земјава со врнежи од снег, во југоисточните делови со врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. На повеќе места уште претпладне ќе се формира снежна покривка.Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе се движат во интервалот од 1 до 7 степени.

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд.

Најмногу врнежи ќе има утре, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Leave a Reply