Денеска услови за нестабилност, од утре повторно стабилно и топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеорололшки работи.

Loading...

Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент седум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Поголема облачност се очекува во попладневните часови која и ќе донесе услови за дестабилизација на временската состојба. Се очекуваат врнежи проследени со електрични празнења.

Температурата низ кумановско денеска ќе се движи од 17 степени во утринските часови до максимални 35 во текот на денот.

Loading...

 

 

Од утре  повторно ќе биде стабилно и топло, но со просечни температури за овој период од годината.