Денеска температури до 28 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне претежно сончево, додека попладне облачноста ќе се зголеми, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 4 до 8, а максималните од 22 до 28 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне степени целзиусови.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови.

Во сабота уште повеќе ќе се зголеми облачноста, а во недела со зголеменото наоблачување ќе има услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава. Во понеделник ќе биде посвежо за неколку степени и врнежливо.

Leave a Reply