Денеска сончево до умерено облачно, од утре дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Минималната  температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурата во кумановско ќе се движи од осум степени во утринските часови, до максимални 13 степени во текот на денот.

Loading...

 

 

Како што најавуваат од УХМР, под влијание на нов влажен бран во четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување.

Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply