Денеска облачно и студено, но без врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно, но суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до вториот степен целзиусов.

 

Loading...

 

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови.

Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, велат од УХМР.

 

Никола Ивановски