Денеска обилни врнежи од дожд, во четврток снег

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно, во западните делови со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне во западните и северните делови, каде локално ќе наврнат над 20л/м2. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува облачно време, а во пладневните и попладневни часови не очекуваат обилни врнежи од дожд проследени со грмотевици. Максималната дневна температура ќе изнесува 13 степени целзиусови, а ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда повторно ќе има врнежи, особено во западните делови, а од четврток се очекува значително заладување, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Leave a Reply