Денеска до 33 степени во Куманово, а еве што носи викендот

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец, особено изразен во северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и многу топло време. Ќе дува сосема слаб ветер од јужен, односно југозападен правец.

Максималната дневна температура во Куманово денеска ќе достигне 33 степени целзиусови.

Првиот ден од викендот во кумановско носи слично време на денешното, со максимални 29 степени.

Период на сонце и облаци ќе имаме и во недела кога дневниот максимум ќе достигне 30 степени целзиусови.

Како што појаснуваат од УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината, со тенденција на благо намалување.

Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда и дневната температура осетно ќе се намали.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply